ВИДЕО: Адвокатот на обвинетите во „Монструм“ тврди дека доживотните пресуди се донесени без докази

Од:

Обвинетите во случајот „Монструм“ на денешната јавна седница во Врховниот суд повторно ги отфрлија обвинувањата и негираат вина. Тие се обвинети на доживотен затвор за загрозување на животот на граѓаните на Република и Македонија и тероризам. Нивните адвокати пред судот рекоа дека не постојат докази дека обвинетите го сториле кривичното дело и дека пресудата на второстепениот суд е пристрасна.

На денешната јавна седница по жалбите на обвинетите за пресудата, нивните адвокати рекоа дека имаат забелешки во однос на изјавите на заштитениот сведок. Според адвокатот Насер Руафи тие се контрадикторни.

Исто така, тој рече дека според вештото лице од судска медицина времето на смртта на жртвите не можело да се утврди точно.

Тој рече дека сведоците што дале исказ пред судот не ги препознале обвинетите.

Според пресудата, обвинетите добро го испланирале максарот откако нашле начин за бегство. Целта на обвинетите биле да убијат Македонци, христијани.

Адвокатот Ѓорги Настевски рече дека кога била донесена пресудата очигледно е дека немало непосредни докази.

-Треба да постојат низа на логични и поврзани факти и околности за да има основ за осудителна пресуда. Во предметот не постои непосреден доказ дека обвинетите сториле кривично дело. Првостепениот суд има верба во заштитен сведок кој вршел утврдување на идентитетот односно идентификација на обвинетите 6 месеци по настанот“, рече адвокатот.

Според него, пронајдените чаури не се основ за заклучок дека обвинетите од непосредна близина имале намера да го загрозат животот и телото и да предизвикаат страв кај граѓаните.

Јавната седница во Врховниот суд е во тек.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски