Стаменковска: Рашковски ако има грам морал треба да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата

Од:

„Генералниот секретар на криминогената влада на Зоран Заев, Драги Рашковски ако има грам морал треба да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Рашковски без срам иако е Генерален секретар на Владата на Република Македонија се дрзна и да се самопрогласи за член на собранието на акционери на Телеком за да зема хонорари од илјадници евра.

Однесувањето на Рашковски е неморално и незаконско бидејќи според член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Генералниот секретар не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал.

Згора на тоа Рашковски упорно молчи за непотизмот што го шири низ државните институции.

Не е доволно само повлекувањето на неговата баба, Елена Начевска што се именуваше во второстепената владина комисија и повлекувањето на неговиот кум, адвокатот Дејан Костиќ.

Овие лица треба веднаш да ги вратат народните пари кои ги испумпаа од буџетот на Република Македонија.

Одговорност треба и мора да има. А, 15-ти октомври граѓаните ќе ја казнат оваа влада. СДС убедливо ќе биде поразен“, изјави Невенка Стаменковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат