Како и при минатонеделното рангирање, така и овојпат, Томислав Јотовски бележи напредок, а Лина Ѓорческа повторно пад на најновите тениски ранг-листи.
Иако минатата седмица Јотовски беше елиминиран во првото коло на ИТФ фјучерс турнирот во Тунис, сепак најдобриот македонскиот тенисер направи прогрес од три позиции, па сега е на 580-место на АТП листата.
Ѓорческа по минатонеделниот пад од 16-позиции, сега бележи нов пад и тоа од две места, па на денеска објавената ВТА листа таа сега е на 230-тото место.
Што се однесува на „Топ 10“ во машка конкуренција, таму нема промени, па и натаму на врвот е Рафаел Надал пред Роџер Федерер и Енди Мареј.
Кај дамите, единствено Јелена Остапенко направи прогрес од две позиции па сега Летонката е на осмото место, пред Кузњецова и Цибулкова. И натаму водечка на ВТА листата е Гарбине Мугуруза од Шпанија, пред Романката, Симона Халеп и Елена Витолина од Украина.