ИФФК „Браќа Манаки“ со постојана канцеларија во Центарот за култура-Битола

Од:

Центарот за култура-Битола одлучи од денеска Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ да има постојана канцеларија која ќе функционира во текот на целата година.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека по успешното завршување на 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа од 23 до 30 септември во Битола, директорот на Центарот за култура во Битола Зоран Димовски овозможил една од просториите во Центарот цела година да биде канцеларија на Фестивалот. Јавно се заблагодаруваат за донесената одлука која, како што се наведува, наскоро со меѓусебен договор ќе биде потпишана.

На ИФФК „Браќа Манаки“ годинава беа емитувани над 100 филмски наслови – долгометражни, кратки, играни, документарни, студентски и детски филмови кои беа прикажани во 10 фестивалски програми.

– За време на осумте фестивалски дена беа одржани 25 прес-конференции со учество на повеќе од 50 гости и организатори на фестивалот. На фестивалот се акредитираа 120 домашни новинари, сниматели и фоторепортери, а оваа година имавме и рекорден број на акредитирани странски новинари, соопштија од ИФФК „Браќа Манаки“.

Би можело да ве интересира

Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Грција

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР