„Левица“ ќе се залага за изградба на катна гаража во Штип

Од:

Средување на сообраќајниот хаос во центарот на Штип и изградба на катна гаража меѓу хотелот „Гарни“ и Трговскиот центар треба да бидат приоритетни активности на локалната самоуправа, рече денеска на прес-конференција носителот на советничката листа на „Левица“ за Општина Штип Борислав Крмов.

– Оваа локација беше планирана за голема катна гаража и работата беше да се ослободи уште по една сообраќајна лента од двете страни на реката Отиња, со што би се намалил сообраќајниот метеж, затоа што луѓето понекогаш мора да вртат по 500 до 600 метри за да стигнат до локацијата што ја бараат. Секој од „Левица“ што ќе влезе во градскиот Совет ќе настојува во наредните четири години овој проект да се оствари, истакна Крмов.

Според него, паркинг местата во катната гаража што ќе се изгради треба да се наплќаат, но останатите треба да се бесплатни.

Крмов истакна дека поради немање средства и спонзори, „Левица“ води скромна кампања во која се опфатени средбите со граѓаните.

Би можело да ве интересира

Левица: Двапати ја прогласиле водата во Гостивар за безбедна, никој од здравствениот синџир не е разрешен

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите