Се одбележува Неделата на детето во Кочани

Од:

Со цел да се афирмираат детските права и со цел да се зголеми свесноста кај децата за правото на образование, правото на нивно слободно изразување, правото на активна вклученост во креирањето на културниот живот во заедницата како и зголемување на знаењата за заштита од секаков вид на дискриминација и насилство ,Јавната општиснка установа Библиотека „Искра“ – Кочани од денеска до петок – 6 октомври, се вклучува во одбележувањето на Неделата на детето за 2017 година.

– Во реализацијата на креативно-едукативната работилница на тема „Јас ги познавам своите права “ учесници се децата од големите групи од сите четири клона на детската градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани и клонот во населба Оризари.

– Неделата на детето е повод да се актуализираат Детските права, но одговорноста за поддршка на нивната реализација и заштита од нивна злоупотреба, како институции кои директно сме поврзани со децата, ја носиме во текот на целата година, изјави Магдалена Кочовска Салтиров, координатор на проектот инаку библиотекар во кочанската библиотека.

По завршување на активностите во Неделата на детето, истакнува Кочовска Салтирова продолжуваме со реализација на програмата „Книгата патува во домот на секое дете“, која се спроведува втора година.

Со цел да се мотивираат децата дел од своето слободно време да го поминуваат во читање книги и раскажување заеднички со своите родители, Библиотеката подарува книга на најмладите од која, истите своите импресии и заклучоци можат преку цртеж да ги искажат на ликовните материјали кои им се обезбедени. Творбите од сите учесници ќе бидат поставени на изложба во библиотеката што ќе биде отворена за сите граѓани на Кочани.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош