Колау: Декларацијата за независност не е најдобро решение за Каталонија

Од:

Градоначалничката на Барселона Ада Колау ја предупреди денеска каталонската Влада дека унилатерална декларација за независност „не е најдобар начин“ за решавање на ситуацијата во Каталонија.

Каталонската Влада денеска ќе одржи седница зад затворени врати, на која ќе се расправа за следните чекори околу прогласувањето независност од Шпанија, по референдумот одржан вчера.

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон ќе претседава со седницата и според локалните медиуми, тој ќе побара мислење за барањето парламентот следната недела да гласа за декларација за независност.

Во меѓувреме, шпанскиот премиер Маријано Рахој ќе одржи состанок со лидерите на политичките партии пред да побара парламентарна седница, на која ќе се расправа за начините за спротиставување на кризата, каква државата немала со децении.

Владата на Каталонија објави ноќеска дека 90 отсто од гласовите на вчерашниот референдум за независност се – за независност.

Со Законот се предвидува каталонскиот Парламент да може да прогласи еднострана независност, доколку на референдумот мнозинството од гласачите се изјаснат за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба