Продолжува судењето за поранешниот директор на УБК, Горан Грујовски и шестте службенички во случајот на СЈО, „Тврдина 2“. На денешното рочиште СЈО на судот треба да му достави од Одделот за потраги во МВР официјално известување дека обвинетиот Горан Грујевски е во бегство, заедно со сведокот во овој случај, Никола Бошковски. Со тоа судот на Грујевски ќе му суди во отсуство.
Според обвинението, Грујевски и шестте службенички во Управата за безбедност и контраразузнавање се товарат за уништување службена документација и за фалсификување службени исправи во случајот кој, според СЈО, е поврзан со уништувањето на доказите за нелегалното прислушување кое се одвивало во државата.
Горан Грујевски веќе трет месец е во бегство. Министерот Оливер Спасовски неодамна изјави дека МВР секојдневно добива нови сознанија за можната локација каде што се крие.