ОН ја прекина својата мировна и политичка мисија во Источен Тимор, 13 години откако оваа земја ја прогласи својата волја да се оддели од Индонезија, соопштија американските медиуми.
Во 1999 година ОН организира референдум и до 2002 година директно го администрираше Источен Тимор, кога тој официјално стана независна држава.
Поддржувачката мисија на светската организација требаше да заврши во текот на 2006 година, но политичкото и етничко насилство ја наложи потребата нејзиниот мандат да и биде продолжен.
Претседателот на Источен Тимор, Таур Матан Руак, во својот новогодишен говор го спомена крајот на мисијата на ОН, изјавувајќи дека сега земјата се радува на мирот и стабилноста.