Каталонија: Во судовите огромен број тужби против каталонската полиција

Од:

Виши Суд во Каталонија соошти денеска дека во судови во таа шпанска покраина поднесени се голем број тужби против локалната полиција бидејќи не ги затворила гласачките места за денешниот референдум за независност и покрај барањата на шпанската централна власт да спроведат судска забрана за референдумот.

Тужбите се поднесени против каталонската полиција позната како Мосос, а поради отсуство на акции на гласачките места кои биле незаконски отворени заради гласање, се вели во соопштение од судот.

Каталонскиот Виши суд нагласува дека од полицијата Мосос побарале повеќе информации во врска со тужбите.

Шпанската национална полиција интервенираше за да затвори изборни места ширум Каталонија на ден кога каталонските власти закажаа референдум за независност на таа богата шпанска покраина при што се судрија со гласачите.

Повеќе од 460 луѓе се повредени денеска во Каталонија во судирите со шпанската полиција која се обидуваше да спречи гласање.

Градоначалничката на Барселона, Ада Колау побарала полицијата „веднаш да прекине со нападите врз беспомошните жители“.

Каталонските здравствени власти соопштија дека се повредени 465 луѓе од кои две се во тешка состојба и се хоспитализирани.

МНР на Шпанија тврди дека полицијата во Каталонија до 15 часот затворила 92 гласачки места и оти во судирите со демонстранти повредени се 12 полицајци.

Шпанската полиција денеска употреби гумени куршуми во обид да стигне до гласачките места во Каталонија во момент кога илјадници луѓе излегоа на референдумот за независност кој Мадрид го смета за неуставен. Европски телевизии прикажаа инсерти од судирите на кои се гледа како полицајци удираат луѓе и се обидуваат да им одземат гласачки ливчиња и кутии.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба