Во рамки на женски универзитет во Саудиска Арабија ќе биде отворена прва авто школа за жени, по одлката на властите да им се дозволи да возат автомобили.
Универзитетот Принцеза Нура се подготвува да отвори авто школа во соработка со релевантни власти, соопшти таа високошколска установа.
Тоа е прва најава за отворање женска возачка школа во таа конзервативна држава. На жените во Саудиска Арабија ќе им биде дозволено да возат со наполнети 18 години.