(ВИДЕО) Колариќ: Рашковски веќе два дена молчи, нема намера да си поднесе оставка

Од:

„Драги Рашковски веќе два дена молчи, нема намера да си поднесе оставка како Генерален секретар на Владата на Република Македонија. Не може да се прикрие непотизмот од работењето на Драги Рашковски. Со тоа што неговата баба, Елена Начевска се повлече, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска која беше поставена како претседател на Комисијата за жалби. А, исто така се повлече и неговиот кум, Дејан Костиќ кој го ангажираше за адвокат на Генералниот Секретаријат на владата и покрај тоа што владата има правна служба. Овие лица треба да ги вратат парите кои ги испумпаа по основ на плати и хонорари од буџетот.

Време е Драги Рашковски да покаже барем малку морал и да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата владин претставник во Македонски Телеком, кој сам незаконски се назначи и сам си го потпиша своето решение.

Не е прашање овде само за морал. Незаконски е. Се крши законот и око не им трепнува. Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком.

Ова е еден од низата случаи каде уште еднаш се докажува вистинското лице на владата на Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев. Во оваа влада владее корумпираност и криминогеност. Но на 15-ти октомври граѓаните ќе ја казнат оваа неодговорна и расипничка влада. Социјалдемократскиот сојуз убедливо ќе биде поразен“, изјави Свелана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски