Тренерот на Партизан, Мирослав Николиќ, по поразот во Скопје на почетокот на АБА лигата, рече дека неговите играчи направиле премногу глупости за да го направат исходот поинаков.
– Се уште не сме воиграни. Ние сме заедно малку време. Бевме рамноправни, но со оглед на тоа какви глупости направивме, МЗТ мораше да победи. Водевме 10 разлики, но младите играчи направија грешки и во одбрана и напад. Во второто полувреме странците многу „солираа“ и тогаш е јасно, следува пораз. Како и да е, победа на МЗТ Скопје е заслужена, рече Николиќ.
Според него македонскиот шампион со овој состав на крајот ќе биде некаде на средината на табелата во АБА лигата.
– MЗT Скопје ќе биде во средината на табелата. Тешко за погоре. Во одбрана играат лошо, исто како и ние. Будуќност, Црвена ѕвезда, ФМП, Олимпија и Мега се разликуваат по нивниот квалитет од останатите екипи и тие ќе бидат во горниот дел, додаде Николиќ.
МЗТ Скопје Аеродром синоќа во 1.коло од АБА лигата, на домашен терен го совлада Партизан со 92:89.