Ал Шабаб нападна сомалиска воена база, убиени 17 војници

Од:

Борци на исламистичката група Ал Шабаб утрово нападнаа воена база во близина на главниот сомалиски град Могадишу, со помош на автомобили-бомби и огнено оружје. Напаѓачите убија 17 војници и ја презедоа контролата врз базата во близина на соседното село, соопшти групата.

Локалните жители и владини извори го потврдија настанот, но не дадоа детали за жртвите и последиците.

– По утрешните молитви, двајца муџахедини со автомобили-бомби влегоа во базата и извршија самоубиствен напад. Ликвидиравме 17 војници и запленивме седум камиони со монтирани митралези, изјави портпаролот на Ал Шабаб, Адбуазиз Абу Мусаб.

Групата Ал Шабаб е поврзана со Ал Каеда и се бори да ја сруши владата во Могадишу. Нејзините борци често ги напаѓаат воените локации на Владата, но и цивилните и мировните сили на Африканската унија.

Би можело да ве интересира

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската воена команда: Еден од лидерите на Ал Шабаб е убиен во воздушните напади од наша страна

А1он

Најмалку шест загинати во подметната бомба од Ал Шабаб во Сомалија

Најмалку четири жртви во бомбашки напад во Могадишу

Најмалку 52 екстремисти елиминирани при американски воздушен напад во Сомалија

Ана Ололовска

Сомалија: Ал Шабаб зазеде град во близина на границата со Кенија

Ана Ололовска