Американската воена команда: Еден од лидерите на Ал Шабаб е убиен во воздушните напади од наша страна

Од:

Американската војска соопшти  дека во воздушните напади во Сомалија убила еден од лидерите на групата Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда.

Во соопштението на американската Команда се наведува дека еден од тројцата убиени екстремисти во нападите е Јусуф Џис, еден од основачите на групата Ал Шабаб, која контролира делови во централна и јужна Сомалија и често извршува напади врз Могадишу.

„Иако можевме да ги одложиме нашите акции во Сомалија поради пандемијата на Ковид-19, лидерите на Ал Каеда, Ал Шабаб и Исламска држава објавија дека оваа криза ја гледаат како можност за продолжување на терористичката агенда, поради што продолживме да ги поддржуваме нашите африкански соработници“, се додава во соопштението на американскиот командант, Стивен Таузенд.

САД во одделно соопштение објавија дека убиле петмина припадници на Ал Шабаб во близина на Џилиб.

Би можело да ве интересира

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

„Њузвик“: Американците повеќе не сакаат да се борат за својата земја

Филипините и одобрија на американската армија проширен пристап до нејзините воени бази

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската војска ја приземји целата своја флота хеликоптери Чинук

А1он

Американската војска започна заеднички вежби со армиите на Украина, Полска и Литванија

Жарко Настоски