Груевски: Предвидуваме отворање нови 150 илјади работни места

Од:

Локалната самоуправа во Вевчани во изминатите четири години направила колку што никогаш во оваа општина не било направено, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Вевчани.

Посочи дека во Вевчани изградиле нова училишна зграда, со површина од 2.450 метри квадратни, во вредност од 65 милиони денари, спортска сала, тениско игралиште, комплетно бил уреден просторот околу училиштето „Страшо Пинџур“, реконструирани и изградени се неколку локални улици, целосно е реконструирана детската градинка во Вевчани…

– Сработивме нова визија која што се вика „Нова ера“, која ќе биде за нови победи, успеси, ново утро, нови работни места. Овој документ, предвидува отворање на нови 150 илјади работни места во Македонија. Ако во минатото отворивме нови 173 илјади работни места, бидете сигурни дека во наредните години ќе вработиме нови 150 илјади лица. Според новата визија планот е невработеноста да падне под 10 проценти. Предвидуваме просечен раст на економијата од четири или повеќе проценти и со тоа ќе се обезбедат нови работни места, рече Груевски.

На 15 октомври, посочи тој, народот ќе покаже дека секој што работи спротивно на законот ќе биде казнет и подоцна елиминиран од политичката сцена.

Цветомир Угриновски aктуелен градоначалник и кандидат за иден градоначалник на општината, рече дека дека имал четири години напорна работа, посветеност и реализација на многу проекти.

– Проектите и делата се нашата најдобра програма и отчет, енергијата и минатиот труд се нашиот најдобар патоказ за иднината. Немам ниту најмала дилема дека и сега ќе победи вербата во Вевчани, убеден сум дека нашите политички разлики на изборниот ден ќе станат неважни кога ќе се соочат со големото дело на овој народ и оваа земја, додаде Угриновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски