Осум навивачи на Црвена ѕвезда кои се на листата на 500 потенцијални хулигани беа уапсени во Келн, како мерка на претпазливост, објави германскиот весник „Експрес“.
Како што е наведено, оваа информација е потврдена од тамошната полицијата, но немаше никакви инциденти во градот.
Според најавите, белградските „црвено-бели“ вечер ќе бидат бодрени од околу 5.000 навивачи, од кои половина се од Србија, а половина од Германија и од околните земји.
Натпреварот Келн – Црвена ѕвезда од 2.коло во Лига Европа се игра 19 часот.