Заев од Аеродром: Промените нема да бидат комплетни доколку нема промени и во општините

Од:

Промените не се комплетни ако нема промени во општините во Македонија, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во скопската општина Аеродром.

Заев рече дека се обиделе на секој начин да ги спречат промените и ги повика граѓаните да продолжат со љубов за општината и да не го напуштаат, бидејќи се работи за Аеродром, Скопје и Македонија.

Заев и кандидатите градоначалниците на Скопје и на Аеродром Петре Шилегов и Златко Марин ветија гасификација на Аеродром и Скопје, поддршка во спортот, намалување на загадувањето, чист воздух, подобрување на сообраќајот преку изградба на нови сообраќајници, нов водовод и нов колекторски систем.

– За 3 и пол месеци покажавме дека знаеме да се коригираме. Создадовме пријатели насекаде околу нас и Македонија веќе не е скара со никого, порача Заев.

Според него, недозволиво општина Аеродром која е една од поголемите урбани јадра на главниот град да има проблеми со водата, канализацијата, со загаден воздух. Тој на аеродромци им вети дека од 1 јануари кога согласно новиот закон за спорт што ќе биде донесен ќе воведе ваучерии за помагање на спортските клубови, како на професионалните така и на кадетските и школските лиги.

– Секоја година Министерството за финансии во јануари ќе ги подели ваучерите на репрезентациите, клубовите и лигите кои ќе бидат на општинско ниво во вкупна вредност поголема од 20 милиони евра. Ваучерот ќе го добие секој клуб преку спортските работници, а фирмите во Македонија ќе имаат опција за 35 проценти од својата добивка да изберат да откупат ваучер, и тоа се повеќе од 40 милиони евра вкупно ослободени данок на добивка на фирмите во Македонија, истакна Заев.

Како следна мерка за подобрување на спортот Заев најави дека еден денар од цигарите и од алкохолот и лиценците од кладилниците ќе одат во фонд за спорт којшто ќе биде управуван директно од спортистите и спортските работници.

Тој пред аеродромци вети гасификација на градот Скопје и Аеродром, па дури по колективните згради воведувајќи го и директно колекторскиот систем којшто значи опционо загревање и производство на струја заедно. – Ова го применува целиот свет, замена на огревното дрво и штетните материјали за греење со евтини енергенси коишто истовремено се и еколошки енергенси, рече Заев.

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром Златко Марин пред своите сограѓани потсети на повеќе недостатоци во општината кои, според него, во 21 век е срамота да се случуваат. Тој ги нагласи проблемите со вода за пиење, атмосверската канализација,…

– Ветуваме дека ке го запреме геадежниот хаос, ќе ги урбанизираме запуштените делови во општината, ќе ја обновиме водоводната мреже, а имаме план и за подобар живот, рече Марин.

Најави дека ќе се пробиваат булеварите АСНОМ и Февруарски поход, поврзување на општините Кисела Вода и Аеродром, и изградба на два моста. Тој во неговиот мандат рече дека ќе изгради две нови градинки, средно училиште и ќе даде финансиска поддршка за млади до 32 години.

Петре Шилегов, кој е кандидат за градоначалник на Град Скопје рече дека со овие избори Никола Груевски конечно ќе биде поразен.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски