(ВИДЕО) Вучиќ: Македонија вети дека нема да гласа за Косово во УНЕСКО

Од:

Македонската влада ни вети дека нема да гласа за Косово во УНЕСКО, сепак ќе почекаме да видиме, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостуваше во емисијата „Уптиник“ на РТС на прашање на новинарката во врска со кризата на односите помеѓу Македонија и Србија.

Новинарката го праша Вучиќ дали кризата била поради евентуалното гласање за влез на Косово во УНЕСКО, а не поради прислушувањето кое што не постоело, како што објавиле македонските медиуми.

– Нема да биде ништо ново доколку Македонија и Црна Гора гласаат за влез на Косово во УНЕСКО, тие гласаа и за независноста на Косово, рече Вучиќ кажувајќи дека тоа ќе има влијание на односот на Србија кон тие земји.

Вучиќ додаде дека полесно е да убеди некои далечни земји да гласаат против влезот на Косово во УНЕСКО отколку Македонија и Црна Гора бидејќи се под влијание на некој помоќен од Србија, како САД и на најмоќните земји од ЕУ.

– Нивното гласање ќе биде показател за тоа каков ќе биде нашиот однос кон нив за важни прашања за нив во иднина, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Имаме уште четири дена до затворањето на рафинеријата во Панчево

Горан Наумовски

Вучиќ: Заедно со народот, се борев и ја кренав Србија од пепелта

Горан Наумовски

Вучиќ: Западен Балкан припаѓа во ЕУ, треба да имаме отворени граници

Формирањето на косовската влада повторно не успеа, Османи го распушти парламентот

Русите се согласија да го продадат својот удел во НИС

Горан Наумовски

Три опции се во „игра“ за судбината на Нафтената индустрија на Србија