Средба Ахмети – Соумалаинен: ДУИ е заинтересирана за фер и демократски изборен процес

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска остварил средба со шефица на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Соумалаинен, на која таа изразила интерес за процесот на спроведување на локалните избори и предизборната кампања, законот за употреба на јазиците и напредокот на реформите во земјата.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети на средбата оценил дека процесот на изборната кампања се одвива добро и без никаков спор од страна на учесниците во трката.

– ДУИ е заинтересирана за фер, демократски изборен процес и прифатлив за сите страни, било посочено на средбата.

Во однос на дебатата за законот за употреба на јазиците, посочено било дека таа е прекината привремено за да не се злоупотребува Собранието за изборна кампања, а во врска со реформите, дека ДУИ е посветена за нивна целосна имплементација, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански