АВМУ: Медиумите да им овозможат приближно еднакво време на сите кандидати за градоначалници

Од:

Сите медиуми, што одлучиле да ја покриваат изборната кампања за претстојните локални избори на 15 октомври, која почна на 25 септември, треба да обезбедат правично, избалансирано и непристрасно медиумско претставување, изјави денеска раководителката на Одделението за човекови права и медиумска писменост, во Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, Емилија Петреска Камењарова.

Таа на денешниот трет јавен состанок на Агенцијата ги презентира генералните насоки за медиумите за следење на кампањата.

– Медиумите треба да обезбедат еднаков пристап до сите облици на медиумско претставување, а програмите за малолетници не смеат да се користат како извор за медиумско претставување, посочи Петреска Камењарова.

Таа истакна дека медиумот, кој е јавен сервис треба да ги почитува правилата, што самиот ги донел пет дена пред распишување на изборите.

Сите телевизии на државно ниво ќе бидат мониторирани целосно со акцент на две изданија на дневните информативни емисии меѓу 17 и 24 часот.

Програмата на радио Скопје ќе се мониторира од шест до 24 часот, а на националните радија ќе се следат две изданија на вестите, доколку се авторски и подолги од 15 минути.

На регионално ниво ќе се мониторира програмата од шест до 24 часот со акцет на две изданија на вестите, под истите услови да се авторски и да се подолги од 15 минути. Локалните ТВ ќе се следат од 16 до 24 часот.

Регионалните радиостаница ќе се следи од шест до 20, а локалнитге од осум до 18 часот.

– Во вестите анализираме на кој начин се известува за работата, за редовните и вонредните активности во изборниот процес, но и на носителите на фуникции на власта, значи на централната и локалната. Ги следиме условите за пристап и третманот на учесниците во изборните информативни емисии, дебати интервјуа, дали има еднаков третман кон нив, дали се почитуваат правилата за платено политичко рекламирање и забраната за емитување реклами и финансирање од буџетски средства, нагласи таа.

Уредници, новинари, водители и презентери, кои се вклучени во реализација на програмата ќе бидат мониторирани дали се вклучуваат во предизборните активности на учесниците во кампањата.

Агенцијата го следи и почитувањето на правилата за објавување резултати од анкетите.

Сашо Петрушевски од Одделението за заштита на авторски права посочи дека резултатите од анкетите поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот одреден за одржување на изборите, значи за првиот круг на 9 октомври, а за вториот на 23 октомври.

Резултатите од спроведувањето на анкета на самиот ден на изборите не смее да се објават пред 19 часот, односно пред затворање на на избирачките места.

– Клучната оценка за тоа дали некој известува избалансирано произлегува од вестите, но секогаш надополнета со анализа и од другата програма. Мерењето на балансот во вестите има квантитативна и квалитативна насока. Првата е обемот и времето кое радиодифузерите го имаат издвоено во вестите за секој од кандидатите, а квалитетот пред се приодот, тонот на известување и врамувањето на информацијата, рече Петреска Камењарова.

Агенцијата ќе мониторира и дали се следи забраната од Законот за аудиовизуелни медиуски услуги од членот 48, кој се однесува на тоа дали се емитува нешто што е спротивно на уставниот поредок и дали се почитуваат просфесионалните начела од членот 61.

– Специфичноста на овие избори е што имаме измена во однос на принципот на кој се мери баланост. Имаме локални избори, комбинација меѓу принципот на еднаквост и принцип на пропорционалност според бројот на утврдените листи со кандидати, рече таа.

За градоначалници националните и регионалните радиодифузери треба да го почитуваат принципот на еднаквост, што значи на сите кандидати за градоначалници да им се даде приближно еднакво време.

За јавниот сервис, како што посочи Петреска Камењарова Изборниот законик дава поделба на програма на четири дела, три од по 30 отсто и еден од десет отсто.

Јавниот радиодифузен сервис 30 отсто треба да им посвети на дневните настани од земјата и светот, редовните активности на власта, социјални теми, граѓанскиот сектор, 30 отсто е за политчките партии на власта, односно за владина коалиција до моментот кога е донесена одуката за распишување избори, 30 отсто за опозицијата до моментот кога е донесена одлуката за распишување на изборите, а десет отсто за политичките партии, кои не се претставени Собранието, меѓу кои и независните кандидати.

Петреска Камењарова нагласи дека Агенцијата ќе ги следи програмите и во однос на тоа дали некој од медиумите употреба говор на омраза.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски