Саудискиот крал Салман денеска издаде декрет со кој им се дозволува на жените да возат автомобили. Досега, Саудиска Арабија беше единствена земја во светот, каде на жените им е забрането да возат.
Кралскиот указ наложува формирање на министерско тело, кој ќе даде препораки во рок од 30 дена, а потоа ќе ја спроведе наредбата до јуни 2018 година.