Груевски: По 15 октомври ќе почне нов живот во Македонија

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, како и носителот на советничката листа Лазар Митев вечерва пред кочанчани ги претставија програмите за претстојните локални избори. Со ова беше и означен митингот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Осврнувајќи се на проектите што треба да бидат реализирани во наредните четири години, Димитровски ги посочи изградбата на браната Речани на Оризарска река, довршувањето на експресниот пат Штип-Кочани, искористувањето на геотермалните води по пат на јавно приватно партнерство, гасификацијата на градот, изградбата на кружен тек и катна гаража. Заживувањето на кочанското стопанство, истакна, ќе продолжи бидејќи, како што рече, искуството од влегувањето на странските инвестиции во кочанското стопанство обезбеди 2.000 нови работни места.

На митигнот во Кочани се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој повтори дека овие локални избори ќе ги добие коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со што, истакна, ќе заврши помрачувањето во повеќе сфери од општественото живеење во државата.

На 15 октомври, истакна Груевски, народот масовно ќе гласа против сегашната Влада зашто е свесен дека почнува нова ера и нов живот во Македонија.

Груевски ги посочи, според него, штетните меѓународни договори, незаконското вработување лица без знаење во државните институции.

– Народот за овие четири месеци од владеењето на СДС се увери дека се што беше ветено е ветер и магла, нема исполнување на ветеното, дополни Груевски.

Зборуваше и за резултатите што неговата влада ги постигнала во делот на реализирањето на ветувањата кон граѓаните. Ги спомна изградбата на четирите автопати во државата, истакнувајќи дека автопатот Демир Капија – Смоквица иако е завршен над 80 отсто, се чека да биде пуштен догодина за да се припише, рече, како дело на актуелната власт.

Груевски се осврна и на запирањето на сите градежни објекти и проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги почна. – Ваквиот однос е погубна политика за актуелната власт, потенцира Груевски.

Тој пред жителите на Кочани ги посочи и, како што истакна, политичките хајки кои актуелната власт ги води преку медиумите, администрацијата и врз странските инвеститори. Зборуваше и за законот за јазиците и за референдумите кои, според него, во дваесет градови во државата требаше да се одржат на денот на изборите со кој народот ќе го дадеше својот глас против населувањето на мигранти во земјава.

Груевски рече дека очекува на 15 октомври ВМРО-ДПМНЕ да ја добие подршката од народот, изразувајќи надеж дека со тоа во Македонија ќе почне нова ера на живот.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?