(ВИДЕО) Заев од Богданци: Ќе работиме на вистински локален развој

Од:

Низ светот имаме многу пријатели кои и сакаат добро на Македонија но од нас зависат работите. Затоа ве повикувам, гласајќи за кандидатот Блашко Шапов и оваа советничка листа, да гласаме за конечност на промените што ќе донесат живот и еднаквост за сите во општините во Македонија, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Богданци.

Заев на вториот ден од изборната кампања предочи дека општините се многу важни за секојдневниот живот на граѓаните. Сподели искуство како со домаќинско управување, општината може да нема ни денар долг, туку напротив да биде напредна според граѓанските интереси.

– Општините се многу важни, од искуство говорам, под општините се градинки, училишта, комунални претпријатија, социјални центри. Од интерес на секој граѓанин е правилно да одлучи за кого ќе гласа и за каква општина ќе гласа, порача Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев се обврза на современи и развиени општини за сите граѓани, во коишто здравјето на граѓаните и нивните потреби ќе бидат врвен приоритет.

-Ќе работиме на вистински локален развој, на вистински домашни и странски инвестиции, на вистински и квалитетни работни места што ќе даваат вистински и достоинствени плати. Да обезбедиме перспективи за сегашните и за идните генерации. Во име на иднината на Богданци и на иднината на Македонија, ве повикувам заокружете го бројот 19 на локалните избори на 15 октомври, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Богданци.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ