(ВИДЕО) Николов: Здравствените апарати во болниците не работат, а СДС не води грижа за тоа

Од:

„Три месеци сме сведоци на тоа како здравствениот систем во Република Македонија е под деструктивно влијание на СДС. Неодамна обзнанивме дека комјутерскиот томограф во Струмичката болница не е во функција, а еве сега и друга вест дека ниту ангиографот во струмичката болницата не работи, а исто така и ангиографот во болницата во Штип не е во функција. Ваквата состојбa придонесува најмногу да страдаат граѓаните и пациентите од Источна Македонија кои сега мораат да бидат упатувани во Скопје на третман.

Овие апарати се клучни во третманот на пациенти со срцеви заболувања како инфаркт, а ваквата состојба го нарушува достигнатиот европски стандард во македонското здравство за 1 ангиограф на 20.0000 жители, кој беше реализиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со лекарите кои беа обучувани во референтни светски центри.

СДС ги остави итните случаи од Источна Македонија на милост и немилост на времето, а лекарите и здравствените работници ги поставува во тешка позиција без орудие во раката да се обидувааат да спасуваат човечки животи.

СДС забораваат дека живееме во 21-ви век и дека помина времето кога болниците не беа опремени со современи медицински апарати. Еден од приоритетите на владата на ВМРО-ДПМНЕ беше да се инвестира во најсовремена медицинска опрема и со тоа да се подигне нивото на здравствените услуги. Денес сме сведоци на една неспособност да се обезбедни вообичаен технички сервис на овие апарати.

Освен лажните ветувања, зборовите на СДС како да летаат во празно во воздухот. Во моментов, на граѓаните од Источна Македонија им е потребен функционален здравствен систем.

Очигледно СДС не можат и не се способни истовремено да водат држава и да се подготвуваат за локални избори“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години