Османи во Салцбург: Напредокот на РМ во евроинтеграцијата дел од новиот европски оптимизам во регионот

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска присуствуваше на 13-тата конференција на европски градови и региони на тема „Наредната генерација на нови земји – членки на ЕУ“, во организација на Институтот на Регионите на Европа, што се одржа во Салцбург, Австрија.

На конференцијата, како што информираат од неговиот кабинет, се говореше за перспективите на земјите од Западен Балкан во контекст на политиката на проширување на ЕУ, при што, носечки говорник на конференцијата беше еврокомесар за проширување, Јоханес Хан. Како панелисти учествуваа и заменик- претседателите на влади и министри задолжени за европска интеграција кои доаѓаат од земјите на Западен Балкан, образложувајќи ја притоа секој од нив состојбата со евроинтегративните процеси во сопствената земја, виз-а-ви процесите во регионот.

На почетокот од коференцијата, вицепремиерот Османи, заедно со останатите министри од регионот задолжени за ЕУ остварија неформална средба со Еврокомесарот Хан, на која секој од министрите имаше простор за размена на мислења со Еврокомесарот, но и со останатите минстри.

Во соопштението се наведува дека на средбата, Османи го информираше еврокомесарот за напредокот на Република Македонија во откочувањето на евроинтегративните процеси, имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот на земјава во односите со соседите. Во истата насока, вицепремиерот Османи ги реафирмираше позициите дека Македонија останува посветена на процесот и натаму, и дека очекува таа посветеност да резултира со соодветен одговор и од страна на Унијата.

Вицепремиерот Бујар Османи имаше и свое обраќање на конференцијата, каде се осврна на најголемите предизвици за реформирањето на земјата по промената на власта. „Централна точка на новото политичко мнозинство, а со тоа и на нова Влада, се реформите и посветеноста кон евроинтегративните процеси.“ – истакна Османи. Тој додаде дека во првите 100 дена, членството во ЕУ било врвен приоритет за Владата, за што бил изготвен и Планот 3-6-9 во кој се содржани сите мерки и активности кои Владата се обврза да ги спроведе во рок од три, шест и девет месеци. Османи посочи дека реформите се спроведуваат според планираната динамика, најавувајќи дека се подготвува и „терен“ за спроведување и на подолгорочни реформи со кои ќе се обезбедат одржливи резултати и ќе се задржи фокусот на Владата кон европските интеграции.

Во своето обраќање, Османи посочи и на напредокот во затворањето на отворените политички прашања.

– Со нашиот сосед, Република Бугарија, потпишавме историски Договор за добрососедство, притоа, без присила и без во тоа да бидат вклучени меѓународни посредници, што ќе се согласите, претставува реткост на Балканот, изјави Османи во своето обраќање. Тој додаде и дека во првите 100 дена Владата со консензус го донесе и предлог – законот за употреба на јазиците, со што се отпочна процесот на затворање и на едно од најтешките внатрешни политички прашања кои произлегуваат од Рамковниот договор.

Османи изрази задоволство и од досегашниот тек на Берлинскиот процес и истакна дека очекува позитивен импулс и од Самитот во Лондон, во согласност со интересите на сите земји кои се засегнати од процесот. – Напредокот на Република Македонија во евроинтегративните процеси не го гледам како изолиран случај на Балканот, туку како составен дел од еден нов европски оптимизам во регионот, кој е проширен и во земјите членки на Унијата, истакни во своето обраќање Османи.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник