Во детската соба подготвуваше масакр, сакаше сè да пренесува во живо – уапсен е 14 годишен Австриец

Од:

Во собата на 14-годишното момче, австриските власти пронајдоа оружје со морничави симболи, шлемови, панцирни елеци… За планираниот масакр, тој беше инспириран од човекот кој уби 51 лице и го пренесуваше нападот во живо.

Припадниците на австриската државна безбедносна служба успеаја да спречат терористички напад. Тие уапсија 14-годишник од Тирол кој планираше својот убиствен чин да го пренесува во живо на интернет.

Клучна информација за планираниот масакр австриските власти добија од странска партнерска служба. Станувало збор за компромитирачки разговори во кои 14-годишниот десничар разменуваше информации за плановите за напад со истомисленик од Шведска, осомничен за тероризам.

Разговорите се одвиваа на шифриран канал на „Телеграм“, пишува „Кроне Цајтунг“.

Цел на момчињата беа еврејски и муслимански институции.

Бидејќи планот за убиство беше веќе во напредна фаза, јавното обвинителство во Инсбрук одлучи веднаш да преземе мерки и да издаде налог за апсење, и покрај возраста на момчето.

Како што беше откриено, нападот со возило за време на прославата „Кристофер Стрит Деј“ во Берлин требаше да се случи само четири дена подоцна.

Борбен нож и маска со врежани неонацистички симболи се пронајдени во домот на 14-годишно момче, кое беше уапсено од елитната полициска единица „Кобра“.

Во спалната соба, момчето чуваше залиха од оружје, панцирен елек со шведски ознаки и нож со врежани десничарски пароли.

Властите пронајдоа и црна маска FFP2 со мотив на череп и симболи на Третиот рајх, како и два тактички шлема, од кои едниот е опремен со камера „GoPro“ за пренос на нападот во живо.

Според истрагата, тинејџерот е инспириран од Брентон Тарант, напаѓачот од Крајстчерч кој уби 51 муслиман во две џамии на Нов Зеланд во 2019 година и го пренесуваше нападот во живо на интернет.

Би можело да ве интересира

Кнајсл: Дипломатијата на ЕУ не функционира затоа што дипломатите размислуваат како блогери

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

23-годишник од Македонија пронајден мртов во езеро во Австрија

Банди откопуваат ковчези и крадат златни заби од починатите – осквернавени се над 240 гробови во Австрија

А1он

Драма во Австрија: Три лица загинаа пред ресторан, маж ги уби ќерката и сопругата, а потоа се самоуби

Горан Наумовски

Експлодираше муниција од Втората светска војна, повредени се пет деца