Утре ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето во Македонија утре ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во западните и југозападните делови на земјава. Во останатите подрачја врнежите ќе бидат локални и со послаб интензитет. Локално се очекува да наврнат над 15 л/м2. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 17 до 24 степени.

Во скопското подрачје ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен југоисточен ветер и со повремен дожд. Температурата ќе се движи од 11 до 19 степени.

Во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет и локално застапени. Температурата на воздухот ќе биде релативно ниска за овој период, особено од четврток.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски