Фудбелерите на Олимпик Лион и Дижон одиграа ефикасен натпревар во кој беа постигнати шест голови, по што средбата заврши без победник 3-3.
Љубителите на фудбалот присутни на стадионот „Групама“ во Лион можеа да проследат интересен, неизвесен, но пред се ефикасен натпревар, во кој и двете екипи имаа шанси да стигнат до победа.
Олимпик поведе со голот на Фекир (20. минута), а гостите преку Слити од пенал (23) и Чека (52) направија пресврт за водство од 2-1.
Но, домаќините брзо ја анулираа негативата, па дури и одново поведоа, откако Ауар (60) израмни на 2-2, а Диал (63) од пенал му донесе водство на Лион од 3-2.
Радоста на домашните фудбалери и навивачи траеше кратко бидејќи Седрик Јумбри само две минути подоцна (65), израмни на 3-3 што беше и конечен резултат на мечот.
Ова е веќе трет нерешен резултат на Олимпик Лион. кој сега има заостанување од седум бода зад водечкиот ПСЖ.