Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен и западен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната температура од 17 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен и западен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура ќе достигне до 24 степени.

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање со свежи утра и нешто потопло преку ден. Нови врнежи од дожд се очекуваат во понеделник кои ќе бидат повремено со умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови.Во вторник и среда врнежите ќе бидат полокализирани и со послаб интензитет.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски