Актуелни прашања поврзани со млади и Регионалната канцеларија за младинска соработка – RYCO беа тема на разговор на денешната средба на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски со претставници на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).
Каевски истакна дека од 31 октовмри до 4 ноември, во Скопје, ќе се одржи Регионална конференција за млади на RYCO во чии рамки ќе биде основан Советодавниот одбор на RYCO, а ќе се одржат и тематски работилници за млади.
Од октомври, како што истакна, започнуваат јавните повици на RYCO за конкурирање на проекти, со што се добива шанса младите да бидат дел од проекти кои обезбедуваат јакнење на нивните капацитети, размени и поголема конкурентност на пазарот на трудот.
На состаноток заедно е заклучено дека е потребна зголемена промоција на работата на Регионалната канцеларија за младинска соработка, како и транспарентен процес при изборот на членовите од Македонија за претставници во органите на RYCO.