Државната изборна комисија попладнево на седница треба да ја разгледа информацијата за пристигнатите барања за одржување референдуми на локално ниво на денот на Локалните избори – 15 октомври.
Членовите на ДИК треба да донесат и одлука за најповолната понуда за печатење на избирачкиот список, за набавка на промотивен материјал, транспорт на доверливите материјали и за избор на економски оператор за превод на изборниот материјал.
Треба да бидат разгледани и барањата на Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС, Амбасадата на САД и на ОБСЕ, за следење на Локалните избори.
ДИК ќе го разгледа и Извештајот за проверка и проценка на пристапноста на избирачките места за лица поинакви способности, предлог одлуката за дополнување на финансискиот план, како и барањето за дополнување на спроведената жрепка за редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за Локалните избори во општините Зрновци, Новаци и Ранковце, заради грешка при внесување на апликацијата.