Американско – британски експертски тим ќе помогне во изработката на Стратегискиот одбранбен преглед

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со американско – британскиот експертски тим кој ќе помогне во изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, клучен документ за развој на одбраната и Армијата во следните години.

Тимот од САД е предводен од Ерик Леид, експерт во областа на развојот на одбранбените институции. Дел од експертскиот тим е и британскиот експерт Стивен Гловер, советник за одбрана и безбедност во Одделот за стабилизација на Обединетото Кралство.

Министерката Шекеринска потенцирала оти една од клучните задачи за МО е изработката на Стратегискиот одбранбен преглед и оти завршувањето на тој процес е и владина определба. Побарала искрени пријателски совети во изработката на реформскиот документ, соопшти Министерството за одбрана на РМ.

Членовите на експертскиот тим, пак, порачале дека стојат на располагање да помогнат со својата експертиза во изработката на Стратегијата за одбрана и Стратегискиот одбранбен преглед.

Американско – британскиот тим денеска и утре ќе се сретне и со главната координативна група за изработка на Стратегискиот одбранбен преглед, составена од експерти од Министерството и Генералштабот.

Би можело да ве интересира

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни