Асфалтирана кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари

Од:

Целосно е завршена кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари, активност од договорот на Општина Кочани со Министерството за финансии за ИПА-грант во висина од 16 милиони денари, за компонентата „ИПА инвестициски грантови“, финансирана од ЕУ во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги.

– Оваа улица во Оризари е во должина од 742 метра и ширина на коловозот од седум метри и тротоари од двете страни на коловозот со ширина од 1,5 до два метра. Паралелно со ова, извршено е санирање на мостот на влезот во Оризари и поправка на оштетувањата со проширување на регионалниот пат М5. Поставено осветлување со 24 канделабри, а наскоро улицата ќе ја добие и својата хоризонтална и вертикална сигнализација, соопшти помошник-раководителот на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани, Влатко Димитров.

Со завршувањето на овој дел, улицата се приклучува со асфалт со патот М5 Кочани – Виница според сообраќајно решение од надлежните институции.

Според Димитров, грантот на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260.000 евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и работните услови во Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возила и за подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани.

Вкупниот износ на проектот e 315.607 евра, кофинансирањето од националниот буџет е со 65.000 евра и со општински 55.607 евра. Реализацијата на првиот дел од проектот „Изградба на локален пат – улица ‘Гоце Делчев‘ за поврзување на село Оризари со регионален пат и со градот Кочани“ е со грантот од ЕУ во износ од 195.000 евра.

Со овој проект и продолжувањето на изградбата на претходните 970 метри асфалт е комплетиран целиот локален пат – улицата „Гоце Делчев“, со што населбата Оризари доби модерен приод кон магистралната сообракајница која го поврзува Кочани со Виница.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип