Жените во Саудиска Арабија првпат ќе присуствуваат на прославата на Денот на државноста

Од:

Саудиска Арабија првпат им дозволи на жените да присуствуваат на прославата на Денот на државноста заедно со нивните семејства.

Според државните медиуми, на 23 септември на семејствата ќе им биде дозволен влез на стадионот Крал Фад во Ријад, а жените ќе седат одвоено од мажите кои немаат партнерка. Тоа е значајна промена со оглед на фактот дека на претходните прослави на жените им беше забранет влез на стадионот.

Саудиска Арабија има едни од најстрогите ограничувања кон жените и е единствена држава во светот во која на жените не им е дозволено да возат автомобили.

Оваа и некои други промени се дел од „Визија 2030“, стратегијата на Саудиска Арабија, чиј цел е да се „омекнат“ строгите правила кон жените.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ