ССНМ згрозен од одземање на концесијата на А2

Од:

„ССНМ е згрозен од веста за одземањето на концесијата на ТВ А2 токму во период на консолидација на телевизијата која понуди можност за повторно вработување на голем број наши колеги што останаа без редовни примања по затворањето на ТВ А1. Особен револт предизвикува цинизмот во образложението на Советот за Радиодифузија за одземањето на правото на зрачење поради „непочитување на програмската шема“. Во услови кога на македонскиот медиумски пазар се кршат правилата на СРД по сите основи и тоа секојдневно, броењето на проценти на забавната програма е хипокризија која ниту се обидува да биде сокриена“, стои во реакцијата на ССНМ, по одлуката на Советот за радио-дифузија да ја одземе дозволата за работа на А2 телевизија.

„Коинциденцијата“ на датумот на седницата на која е донесена одлуката за одземањето на концесијата на ТВ А2 со договорот за декриминализација на клеветата нема да ја намали тежината на одуката со која редица наши колеги повторно се соочуваат со невработеност, ниту сомневањата дека станува збор за селективна примена на законите за пресметка со критичкото новинарство. Со тоа само се потврдува продолжувањето на трендот кој ја доведува Македонија на дното на листата земји според слободата на изразувањето и социјалните права на медиумските работници, се вели во соопштението на ССНМ.

ССНМ згрозен од одземање на концесијата на А2.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски