А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Антикорупциска го одби приговорот на Бедредин Ибраими

by А1он20/09/2017 - 12:49181
Share0

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) смета дека е неоснаван приговорот на членот на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими од ДПА против Собранието на РМ, според кого со јавниот оглас за нов член на ДИК е прекршен 8-а од Изборниот законик.

Добивај вести на вибер

На јавна седница денеска членовите на Антикорупциската комисија едногласно одлучија приговорот да биде одбиен зашто нема прекршување на Изборниот законик. Оценија дека упатеното барање за мислење од страна на Ибраими до ДКСК е преурането бидејќи се уште нема настапено повреда на членот 8-а и заклучија дека Антикорупциската комисија нема надлежност да дава толкување на законските прописи и нивна меѓусебна усогласеност.

Известителот по овој предмет, членот на ДКСК Горан Миленков, рече дека измените и дополнувањата на Изборниот законик предвидуваат усогласување на персоналниот состав на ДИК согласно со членот 27 став 5 од Изборниот законик кој вели дека од кандидатите на предлог-листата за членови на Државната изборна комисија тројца членови предлагаат политичките партии во опозиција, и тоа – политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието предлага двајца членови, а политичката партија во опозиција со втор најголем број пратеници предлага еден член во ДИК. Партиите на власт предлагаат тројца членови на ДИК – двајца од партијата со најголем број пратеници, а еден предлага партијата со втор најголем број пратеници во Собранието. Тројца членови во ДИК, пак, се избираат на заеднички предлог од партиите на власта и на опозицијата од редот на пријавените кандидати.

– Овде се работи за едно рационално право на политичките партии да го определуваат персоналниот состав на членовите на ДИК кој е изразено преку одредбите на Изборниот законик. И тука нема никаква повреда од страна на Собранието. Постои измени и дополнувања со кои тоа е уредено и засега никаде не наидовме на податок дека подносителот е разрешен или дека му е ускратено некое негово право или, пак, дека се работи за повреда на членот 8-а. Неспорно е дека е донесен оглас од Собранието, неспорно е дека постои измени и дополнувања на Изборниот законик и тоа е се во согласност со законот, така што сметам дека приговорот на Бедредин Ибраими треба да биде одбиен како неоснован, рече Миленков во образложението за одлуката.

На дневниот ред на седницата на ДКСК беа уште три приговори, од кои еден не беше разгледуван зашто бил повлечен од самиот подносител (Ненад Ѓорговски од Струга против а.д. ЕЛЕМ Скопје). За два приговора, кои се поднесени во врска со член 8-а од Изборниот законик, членовите на ДКСК одлучија дека има сомнежи за направен прекршок и заклучија за тие приговори да продолжи постапката – „Кирил Анчевски од Скопје против СОЗР на Влада на РМ“ и „Правно лице ИР груп констракт од Тетово против Општина Брвеница“.

dikdksk

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:36

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:4513/02/2026 - 15:04

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:1213/02/2026 - 12:37

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:2207/02/2026 - 12:23

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:42

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен