Рохани: Никој нема да има довреба во САД ако се повлечат од нуклеарниот договор со Иран

Од:

Никој повеќе нема да има довреба во САД, доколку Вашингтон донесе одлука за повлекување од договорот за иранската нуклеарна програма склучен пред две години, изјави претседателот на Иран, Хасан Рохани.

– Ако САД не ги почитуваат своите обврски и го занемаруваат договорот, тоа ќе придонесе за загуба на довербата на многу земји кон нив, рече Рохани во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.

Во вчерашното обраќање пред Генералното собрание на ОН, американскиот претседател Барак Обама остро го критикуваше нуклеарниот договор склучен меѓу Иран и шесте светски сили во 2015 година.

Во реакција на говорот на Трамп, иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека неговиот настап „не бил соодветен на 21-от век и на ОН, туку на средовековната епоха“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас