Демократската партија на Албанците (ДПА) вечерва во Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово одржа промотивна конвенција на 18-те кандидати за градоначалници и 24-те носители на листи за општински совети на претстојните локални избори. ДПА на овие избори оди под слоганот „Одиме напред“. Последен пред присутните на ковенцијата се обрати претседателот на ДПА Мендух Тачи.
– Мнозинството од нашите кандидати за овие локални избори имаа искуства од политичките борби за поодбар живот на Албанците во македонија. Ние секогаш сме имале модерни и софистицирани методи при предизборните кампањи и никогаш не сме користеле насилство, дури и кога врз нас било вршено насилство ние не сме одговарале на тој начин. Како што е нашето лого на овие избори стилизирано срце така ние и ќе настапуваме со љубов и добрина. Иако на локалните избори се работи за средување на дупките по улиците и други комунални проблеми во изминатите 15 години, вакви дупки имаше и во културата и другите области од животот на Албанците во Македонија и затоа само со единство и наша победа на локалните избори на 15 октомври ќе ги собориме овие што се на власт – ДУИ и Али Ахмети и ќе покажеме на сите дека сме живи подготвени за промена на лошите состојби. Во оваа борба ДПА се надева на ваша помош, но и на помош од оние кои досега гласале и другите кандидати кои не покажале никакви резултати, рече Тачи.
Тој поосчи и дека ДПА на овие избори не излегла со свој кандидат за градоначалник на Кичево, не за да ги подржи ДУИ туку, како што рече Тачи, во овој регион има многу насилство така што никој не сака да го доживее тоа.
На конвецијата зборуваа и шефот на централниот изборен штаб на ДПА Орхан Ибраими, носителката на листата за советници во општина Теарце Фатмире Исаку како и кандидатите за градоначалници од редовите на оваа партија во Чаир – Идриз Охрана, Струга – Менди Асани, Гостивар – Себајдин Изаири, Студеничани каде кандидат е досегашниот градоначалник Азем Садику и за Тетово – Бардиљ Даути.