Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Њујорк изрази разочарување поради одлуката на САД за повлекување од Договорот за климата, што беше постигнат пред две години во Париз.
– Жалам поради одлуката на САД за повелкување од Договорот, но дијалогот со (американскиот) претседател Доналд Трамп продолжува, бидејќи сум убеден дека на крајот ќе сфати дека тој е и во негов интерес и дека е во интерес на Американците да бидат дел од Парискиот договор, рече Макрон на прес-конференција во седиштето на ОН.
Макрон нагласи дека Парискиот договор за климата претствува важна рамка и неопходна основа за справување со киматските промени и најави дека на 12 декември Франција ќе биде домаќин на средба на врвот по повод двегодишнината од усвојувањето на спогодбата.