Индонезиските власти повеќе од двојно ја зголемија површината означена како небезбедна зона за приоѓање до вулканот Агунг на островот Бали и го зголемија нивото од евентуална опасност, вторпат за помалку од една недела.
Индонезиската национална агенција за управување со кризи соопшти дека луѓето треба да останат шест километри подалеку од кратерот и 7,5 километри од вулканот кон север, југоисток и југозапад.
Агенцијата соопшти дека постои и зголемена сеизмичка активност.
Агунг последен пат еруптираше во 1963 година, кога настрадаа 1.100 лица.