Најзаслужниот за шампионскиот трофеј на Словенија, Горан Драгиќ го доби признанието за најкорисен играч на Европското кошаркарско првенство 2017.
Драгиќ беше јунакот во словенечкиот национален тим на синоќешното финале во Истанбул со 35 постигнати поени. Тој на Евробаскетот во просек бележеше 22,6 поени, 4,4 скока и 5,1 асистенција.
Новиот европски шампион Словенија во идеалната петорка на првенството покрај Драгиќ го има и Лука Дончиќ кој поради повреда ги пропушти последните 15 минути од финалето со Србија.
Идеална петорка на ЕП 2017: Горан Драгиќ (Словенија), Лука Дончиќ (Словенија), Богдан Богдановиќ (Србија), Алексеј Швед (Русија) и Пау Гасол (Шпанија).