Во Кочани тројца кандидати за градоначалник

Од:

Општинските изборни комисии на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево ги потврдија листите за претстојните локални избори закажани за 15 октомври.

Во Кочани граѓаните ќе можат да се изјаснат помеѓу тројца кандидати за градоначалник и четири советнички листи. Во трката за градоначалничката функција СДСМ ќе оди со бизнисменот Николчо Илиев. ВМРО ДПМНЕ по трет пат ќе ја бара довербата од граѓаните за кандидатот Ратко Димитровски, а кандидат за градоначалник во Кочани е и Методи Јованов од СДПМ. Кочанци ќе можат да гласаат и за едно од четирите советнички листи – три од политички партии и коалиции и една независна листа.

Во Виница кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ е Мартин Павлов, а на СДСМ Ивица Димитров. Во оваа општина ќе има две листи за советници од коалициите предводени од овие две партии.

За Зрновци ВМРО – ДПМНЕ го кандидираше Блаже Станков, а СДСМ – Ванчо Митев. Во оваа општина има и независен кандидат за градоначалник Мите Николов. Ќе се гласа за три советнички листи, две на политички партии и коалиции и една независна листа.

Во Чешиново-Облешево за градоначалник се кандидирани Горан Зашов од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Крстев од СДСМ. ОИК потврди и две советнички листи.

Би можело да ве интересира

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

(ВИДЕО) Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

39-годишен маж од Кочани брутално е убиен во Љубљана

Горан Наумовски

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Мицкоски: Надвор од тековните трансфери од централниот буџет, за Кочани ќе се обезбедат дополнителни 100 милиони евра, пари кои ќе се вложуваат во инфраструктурни проекти