Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со над просечни дневни температури. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6.
Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната температура од 28 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 33.
За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, така што дневните температури насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а в среда ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува засилен северен ветер што ќе придонесе позначителен пад на температурата.
