Реакција на Институтот на сметководители на известувањето на МФ

Од:

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ во реакција на денешното известување на Министерството за финансии наведува дека се согласува со насоката дека Законот за сметководствени работи не предвидува рок до кој треба да се достават докумети за добивање лиценца за работа на правните субјекти кои вршат сметководствена дејност.

Но, се додава во реакцијата, Институтот со својата препорака дава целосна заштита на колегите сметководители и вршителите на сметководствени работи да не се доведат во ситуација да не можат да ги достават навреме годишните сметки, а истовремено да се соочат со одредени правни последици и казни.

Институтот со овој допис обрнува внимание на Министерството за финансии, министерот за финансии и целокупната јавност дека некои вработени во Министерството даваат погрешна слика за настаните и истовремено создаваат слика дека Институтот постапува спротивно на одредбите од законот.

Посочуваат дека Институтот и по препорачаниот датум за достава на документација ќе постапува по барањата доставени од сметководителите, овластените сметководите и субјектите за вршење на дејноста.

Напоменуваат дека Институтот и Министерството за финансии се партнери на државата кои треба заеднички да се грижат и соработуваат со цел правилна и навремена наплата на даноците и обезбдување приходи во буџетот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација