Одземена дозволата за работа на А2 Телевизија

Од:

Одземена дозволата за работа на А2 Телевизија. Ова го одлучи мнозинството во Советот за радиодифузија.

По жестока расправија, со 11 гласа „за“ и 4 „против“, беше донесена одлуката.

Како еден од главните аргументи на дел од членовите на Советот е неисполнување на програмскиот формат со кој и била дадена дозволата за радиодифузна дејност на А2 Телевизија.

Според дел од членовите, исто така било спорно известувањето кое до нив го испратил стечајниот управник на А2 Телевизија, Ацо Петров, во кое тој тврди, дека од него како привремен стечаен управител, не е побарана дозвола за проектите кои се емитуваат во моментов.

Залудни беа напорите на членовите кои гласаа „против“ да ги убедат своите колеги од Советот, дека не треба да се одземе дозволата.

Според Стојан Наумов, член на Советот, ова тело од своето постоење па се досега нема одземено дозвола, поради неисполнување на програмскиот формат. Тој ги праша колегите, дали историјата треба да почне да се пишува со овој состав на Советот и за прв пат да се одземе дозволата поради вакво прекршување.

Работата на Советот не е по секоја цена да затвори медиуми, рече тој.

Дел од членовите посочија дека постојат други национални телевизии кои не го почитуваат програмскиот формат, посочувајќи дека една од нив, во текот на минатата недела емитувала девет часа, странска програма. Прашаа дали и овие медиуми ќе бидат затворени поради тоа?

Телевизијата А2 има право на жалба, пред Управен суд, но правото на жалба не го одложува извршувањето. Што значи дека денеска ќе биде испратено известување до сите кабелски оператори да го прекинат сигналот на Телевизијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски