Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров имаше телефонски разговор со неговиот американски колега Рекс Тилерсон, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
Во синоќешниот разговор, Лавров и Тилерсон разговарале за соработката и за нивните обиди да ја решат кризата во Сирија, а посебен акцент бил ставен на зоните на деескалација.