Кокошков: Во финалето ќе играме против Србија, а ќе победи Словенија

Од:

Српскиот стратег на кормлото на кошаркарската репрезентација на Словенија, Игор Кокошков очекува во финалето на Европскиот шампионат, чија завршница се игра во Истанбул, Словенија за противник да ја има Србија, но дека ќе победи неговиот тим.

– Очекувам во финалето да играме против Србија, но сигурно ќе победи мојот тим, изјави Кокошков по победата над Шпанија во полуфиналето.

Оценувајќи ја играта на својата селекција, Србинот откри дека неговите избраници не се плашат од никого и дека имаат доволно сила да истуркаат до крај, односно да ја освојат титулата.

Во интервју за белградски „Блиц“ искусниот тренер, кој долги години работи во НБА лигата, најави и повлекување од селекторската функција.

– Имајќи ги предвид новите промени кои ги воведе ФИБА, како и мојот ангажман во НБА, бидејќи нема да можам понатаму ова да го работам, моја најголема желба беше да ги завршам овие натпреварувања на ФИБА, со голем резулат и нешто да оставам зад себе, изјави Кокошков.

Дали предвидуваење на Кокошков ќе се оствари останува да се види, прво вечерва по полуфиналниот меч меѓу Србија и Русија (20:30 часот), а потоа и по големото финале закажано за в недела.

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга