САД го продолжија олеснувањето на дел од санкциите против Иран

Од:

САД го продолжија олеснувањето на некои санкции против Иран, согласно Договорот за иранската нуклеарна програма, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да ја критикува спогодбата.

– Вашингтон ги испочитува заложбите за ублажување на одредени ограничувања за Техеран, со цел да ја задржи можноста за поголема флексибилност, додека не се заврши пошироката ревизија на договорот, наведе портпаролот на Стеј департментот.

Не беше прицизирано за кои олеснувања станува збор.

Истовремено, одлуката беше придружена со воведување на казнени перки против 11 ирански лица и компании, обвиниети за поддршка на балистичката програма на Иран или за учество во кибер нападите против американскиот финансиски систем.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас