По убедливиот пораз од Зенит (0-5) во првиот меч од групната фаза на Лига Европа, тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, призна дека неговите избраници со грешките кои ги направиле му помогнал на Зенит да победи.
– Ние знаевме дека играме со силен противник, Зенит е фаворит не само во групата, туку и во ова натпреварување. Ние им помогнавме на нив, со примените два гола во краток период. Го почнавме натпреварот со 0-1, затоа што за пет минути ако примиш гол, многу е тешко да се вратиш. Тоа беше еден мал шок за нас. Во 20.минута примивме и втор гол со што се сруши целата игра. Подобриот тим денес победи, а ние треба да извадиме поуки од овој натпревар и да не грешиме на наредните мечеви во Европа, изјави Јаневски по средбата.
Вардар ќе нема многу време за корекции. Следниот меч црвено-црните ќе го играат веќе за две седмици (28 септемри) и тоа на гости во Норвешка против Розенборг кој синоќа загуби со 4-0 на гостински терен кај Реал Сосиедад.